in

Надал ја освои својата дванаесета титула во Барселона!

Легендарниот Рафаел Надал успеа да ја освои својата дванаесета титула во Барселоан Опен, откако спаси меч поен во драматичниот натпревар против Стефанос Циципас.

Надал губеше 4-2 во првиот сет, но успеа да се врати по два одлични брејка. Светскиот рекет број пет, Стефанос Циципас, со одлична борба го освои вториот сет и го намачи Шпанецот. Во третиот, последен сет, Надал успеа да спаси меч-поен пред да стигне до пресврт и да победи со резултат 6-4 6-7 (6-8) 7-5.

Натпреварот се играше три часа и 38 минути и му ја донесе на Надал својата 12 титула во Барселона. „Освојувањето на трофеј тука многу ми значи“ изјави Надал по завршувањето на дуелот.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote