in

НОВИНАР ОД ЊУЈОРКЕР ДОБИ ОТКАЗ ПО 27 ГОДИНИ! Мастурбираше за време на видео состанок со колегите!

Поранешниот новинар од Њујоркер, Џефри Тубин сега е отпуштен од весникот за неодамнешното несоодветно однесување за време на видео повик со колегите.

Оваа вест ја потврди на својот профил на Твитер.

“Ме отпуштија од Њујоркер по 27 години. Јас секогаш ќе го сакам ова списание, ќе ми недостасуваат колегите и со задоволство ќе ги читам нивните текстови”, напишал Тубин.

Њујоркер во изјавата наведува дека, по истрагата на видеото, било одлучено да го отпуштат Тубин.

Да потсетиме, минатиот месец Џефри Тубин беше суспендиран затоа што мастурбирал пред колегите за време на видео состанок.

Тубин, кој исто така е коментатор на Си-Ен-Ен, потоа се извини и рече дека не знае ни дека е вклучен неговиот фотоапарат, како и дека станува збор за „срамна, глупава грешка“.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote