in

ТаженТажен

Откриени детали од тестаментот на Метју Пери

Пет месеци по смртта на американскиот актер Метју Пери, позната е содржината на неговиот тестамент.

Актерот оставил повеќе од милион долари на Фондацијата, која ја именувал по ликот од филмот на Вуди Ален. Во тестаментот стои дека тој го остава најголемиот дел од своите работи на организацијата што ја нарекол Алви Сингер Ливинг Траст по ликот од Ана Хал, од 1977 година.

Висината на пари, која ја оставил на фондацијата, е она што извршителите го пронашле како дополнителни средства кои не се во неговиот приватен фонд.

Вредноста на неговиот вкупен имот се проценува на 120 милиони долари.

Извршители на тестаментот се Лиза Фергусон и поранешната сопруга на Мајк Мајерс, Робин Рузан, пишува Дејли Мејл.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote