in

WTFWTF Што?Што?

Парче хартија продадено за речиси 900 илјади долари

Парче хартија на кое Чарлс Дарвин ја изнел својата конечна одбрана на теоријата на еволуцијата во 1865 година е продадено за рекордна цена во аукциската куќа Сотбис. Имено, трудот потпишан од големиот научник бил продаден за 883.000 долари.

 

Иако многумина мислеа дека овој вреден потпис ќе достигне и поголема цена, сепак ова е највисоката цена на продаден материјал врзан за Дарвин и неговата работа.

Овој ракопис бил дел од публикацијата „Автографик мирор“, која се состоела од факсимили со ракописи и потписи на познати луѓе, заедно со нивните биографии. Кога еден од уредниците на публикацијата побарал од Дарвин да придонесе, научникот ја искористил можноста да им возврати на оние кои се сомневале во неговата теорија.

 

Во тоа време, шест години по објавувањето на првото издание на неговиот труд „Потеклото на видовите“, стандардната критика била дека неговата теорија не може да го објасни потеклото на самиот живот. Дарвин признал дека тоа е вистина, но дека е неважно за неговите набљудувања за тоа како животот на Земјата се развивал и диверзифицирал. Како и со гравитацијата, нејзината „срж“ можеби не е разбрана, но Њутновите равенки секако функционираат, напишал тој. Аргументот бил преземен од третото издание на книгата „Потеклото на видовите“.

Потпишаниот документ бил дел од онлајн-аукцијата „Доба на чуда“ на акцуската куќа Сотбис, а клиентот кој го купил документот сакал да остане анонимен.

Претходната највисока цена платена за ракопис на Дарвин беше нешто повеќе од 400.000 фунти.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote