in

СлаткоСлатко

Не пиете доволно вода? Тоа може да биде поврзано со сериозни здравствени проблеми

Пијте повеќе вода и ќе живеете подолго е клучниот заклучок од студијата која подоцна беше објавена во медицинското списание „Лансет“. Утврдено е дека возрасните кои не се адекватно хидрирани стареат многу побрзо и имаат поголем ризик од хронични болести, што може да доведе до рана смрт.

„Доказите од нашите и други студии покажуваат дека додавањето на постојана добра хидратација на други избори за здрав начин на живот може да го забави процесот на стареење“, изјави водечкиот автор на студијата Наталија Дмитриева за NBC news.

Истражувачите ја следеле хидратацијата на испитаниците гледајќи колку натриум се наоѓа во нивната крв – колку се повисоки нивоата на натриум, толку помалку биле хидрирани учесниците.

Оние лица со повисоко ниво на натриум имале 50 отсто поголеми шанси да покажат знаци на стареење. Тие вклучуваат висок холестерол, крвен притисок и зголемено ниво на шеќер заедно со физички знаци како воспаление на очите и сува кожа.

Најшокантно е тоа што таа група исто така имала речиси 20 отсто зголемен ризик од прерана смрт, покажа студијата. Тие покажаа поголема веројатност за развој на фатални болести, како што се срцева слабост, мозочен удар, дијабетес, деменција и хронични заболувања на белите дробови.

– Ризикот од развој на овие болести се зголемува како што старееме и акумулираме оштетувања во различни ткива во телото – изјави за Ен-Би-Си Дмитриева, истражувач во Институтот за срце, бели дробови и крв на Националниот институт за здравје на САД

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote