in

ПОЧНУВА ВАКЦИНАЦИЈАТА ВО ДЕКЕМВРИ: ЕУ објави скоро завршување на короната (ВИДЕО)

До крајот на годината ќе биде одобрена употреба на вакцината Пфајзер, како и на вакцината Модерна.

Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вели дека според проценките на Европската агенција за лекови, првите дозволи за употреба на вакцината против Ковид 19 се очекуваат во втората половина на декември, за вакцините на компаниите „Пфајзер“, „Бионтек“ и „Модерна“.

Европската агенција за лекови објави дека до крајот на годината треба да се даде „зелено светло“ за употреба на вакцината против Ковид 19 на територијата на ЕУ и вакцинацијата да започне во јануари 2021 година.

ЕУ предупредува дека е потребно да се развие стратегија за вакцинација и да се утврдат приоритетните групи што ќе бидат вакцинирани со првите достапни дози.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote