in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Пита со сирење, шунка и ајвар (ВИДЕО)

остојки:

  • 6-7 готови кори
  • 200 гр сирење
  • 100 гр сечкана шунка
  • 4 лажици ајвар
  • 2 јајца
  • 2 лажици гриз
  • 30 мл маслиново масло
  • 50 гр рендан кашкавал
  • 1/2 прашок за пециво
  • малку кисела вода

Подготовка:

Јајцата се матат, се додава гризот, прашокот за пециво и половина од маслото. Првата кора попрскајте ја со масло и кисела вода, па врз неа додајте ја втората кора.

Премачкајте ја со јајца, половина ајвар, ставете сечкана шунка, дробено сирење и рендан кашкавал. Ставете уште една кора, премачкајте со масло, јајца и ајвар.

Додадете шунка, сирење и кашкавал, а на крај додадете уште една кора и премачкајте ја со јајцата, свиткајте ги страните и завиткајте.

Премачкајте со остатокот од смесата од јајца и гриз и по желба посипете со бадем снегулки. Печете на на 200 степени околу 45 минути.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote