in

Што?Што?

КАКО ДА JA СПРЕЧИМЕ ПОЈАВАТА НА ПОЖОЛТЕНИ ЗАБИ? Стоматолог препорачува и дава едноставен и корисен совет

„Многумина сметаат дека премногу напорно четкање ги прави забите побели, но всушност троши бела забна глеѓ“, вели стоматологот.

Со текот на времето, нашите заби почнуваат да жолтеат се повеќе и повеќе, без разлика колку внимание посветуваме на хигиената. Кога тоа жолтило ќе почне да ни пречи, обично започнуваме посилно да ги миеме забите со надеж дека ќе ги отстраниме жолтите дамки и ќе го вратиме бисерниот бел сјај на забите.

Но, еден стоматолог во неговото видео на TikTok објасни дека премногу напорно четкање прави повеќе штета отколку корист. Тој предупреди дека голем број луѓе ја прават истата грешка без да бидат свесни за последиците.

Тој објасни дека надворешниот слој на забот, познат како глеѓ, е бел, но следниот слој подолу, познат како дентин, е жолт. Ако глеѓот се истроши, жолтата боја ќе започне да се покажува, а посилното четкање само ќе го влоши проблемот.

“Многу луѓе сметаат дека премногу напорно четкање ги прави забите побели, но всушност троши бела забна глеѓ. Кога глеѓот ќе се истроши, забите стануваат жолти и чувствителни”, вели стоматологот.

„Затоа, нежно исчистете ги забите и користете помека четка за заби“, додаде тој.

На прашањето во коментарите како да се врати белиот слој, тој препорача третмани или средства за белење, но тој истакна дека најважно е редовно да ги миете забите и да одите на стоматолшки прегледи.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote