Американец на 69 годишна возраст бил загубен во дивината на Орегон и бил пронајден жив по 17 поминати ноќи.
Хари Бурле бил пријавен како исчезнат од страна на неговата сопруга на 7 мај. Таа се загрижила и го пријавила откако нејзиниот маж не се вратил од кампување на кое што заминал еден ден претходно. Потрагата на Хари започнала на 8 мај и траела долго време.
Најпрвин спасувачите успеале да ја пронајдат неговата кола, како и остатоци од неговиот камп во близина. По 17 поминати денови во дивината на Орегон, спасувачите успеале да го пронајдат Хари, жив и здрав без „ниту една гребнатинка“.