Американската компанија бара некој за рангирање на сериите Нетфликс и пицате кои се испорчуваат.
Претходно оваа недела, компанијата за преглед на казино „BonusFinder“ започна натпревар за наоѓање „професионален надзорник“ (Binge Watch – личност што гледа серии по ред, без поголеми паузи).
Компанијата претходно објави конкурси за плаќање на луѓе за тестирање хамбургери, сладолед, слатки и пита од тиква. „Сега бараме совршен кандидат кој ќе не информира за најдобрата серија на Нетфликс и најдобрата пица од испораката за да ни помогне на сите во овие бурни времиња“, се вели во нивниот оглас.
Победникот ќе добие 500 долари, а ќе мора да гледа и оценува три серии на Нетфликс, патем рангирајќи ги пијалоците од испораката. Кандидатот исто така ќе добие бесплатна сметка на Нетфликс и буџет за пица и закуски.
Според деталите за натпреварот, победникот може да избере три серии, меѓу кои се „Queen’s Gambit“, „Night Stalke“, The Hunt For a Serial Killer”, “Cobra Kai”…
„Professional Binge Watcher“ ќе треба, меѓу другото, да ги рангира заплетот, глумата, но и задоволството со епизодите и крајот на серијата.
А пиците ќе се рангираат според повеќе критериуми, од изглед и вкус, до вредност во однос на потрошените пари.
Пријавувањето трае до 12 февруари, а победникот ќе биде објавен на 17 февруари.
Коментари
Loading…