Во рамките на четврт-финалето во Лигата на Европа се сретнаа екипите на Ајакс и Рома. Ова беше најинтересниот дуел ова коло и донесе многу возбудувања. Ајакс го имаше поседот и шансите, но Рома успеа да излезе како победник од дуелот.
Холанѓаните поведоа со голот на Класен во 39тата минута по асистенцијата на Тадиќ. На стартот од второто полувреме токму Тадиќ не успеа да реализира од белата точка, а казната веднаш стигна преку Пелегрини.
На само 3 минути пред крајот на регуларниот дел, Рома преку Ибанез стигна до потполен пресврт и забелеша битна победа во Амстердам. Реваншот се игра за една недела во Италија.
Коментари
Loading…