in ,

Што?Што?

Станал од креветот, паднал и се повредил, фирмата ќе му плати за повреда на работа

Судот во Германија донел пресуда во корист на еден маж кој се повредил додека одел од креветот кон работното место во сопствената куќа.

Додека одел по спиралните скали со кои се поврзани собите, неименуваниот маж се лизнал, паднал и го повредил грбот.

Двата пониски суда не се согласиле околу тоа дали краткото патување се смета за патување до работа, додека повисокиот сојузен социјален суд рекол дека „првото утринско патување од креветот до домашната канцеларија било патување до работа за кое е предвидено осигурување“.

Федералниот социјален суд наложил тој да добие компензација од својата фирма, откако си го повредил ‘рбетот дома.

Во пресудата се наведува дека работникот „доживеал незгода на работа кога утрото паднал на патот кон својата домашна канцеларија“.

Не е јасно дали мажот работел од дома поради пандемијата или го правел тоа и порано. Во пресудата е наведено дека законот се применува на „работни места на далечина“ кои се „компјутерски работни станици кои работодавачот трајно ги поставува во приватна сопственост на вработените“.

Тој вообичаено почнувал со работа пред појадокот. Ако осигурената дејност се врши во домот на осигуреникот или на друга локација, отштетата e иста како дејноста да се врши во просториите на компанијата“, рекол судот.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote