in

Саутемптон се искачи на врвот на Премиер Лигата!

Саутемптон се искачи на врвот на Англиската Премиер Лига за прв пат во нивната историја по победата од 2-0 против Њукасл. За само неполна година од нивниот пораз од Лестер со 9-0, екипата на Ралд Хасенхутл продолжи со нивната одлична форма и се најде на самиот врв на Лигата. Саутемптон поведе со голот на Адамс во седмата минута по асистенцијата на Тео Волкот.

Волкот и Беднарек имаа одлични шанси кој не успеаа да ги искористат во текот на натпреварот. Армстронг успеа да ја зголеми предноста на домаќините во второто полувреме по грешката на Лонгстаф. Со овој резултат Њукасл се наоѓа на 11тата позиција во Лигата, додека Саутемптон е на првата.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote