in

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Совршени палачинки – меки како душа!

Најдобар објаснет рецепт за палачинки, успева дури и на поченици, а сè е подготвено за 20-тина минути! Само да напоменеме дека, колку што е важен рецептот, исто толку e важно да изберете навистина добра тава за палачинки.
Со добра тава и овој рецепт – успехот е загарантиран!!

Палачинки, основен рецепт

Состојки:
  • 2 јајца
  • 200 гр меко бело пченично брашно
  • 1/4 лажиче сол
  • 1/4 лажиче шеќер
  • 225 мл млеко
  • 225 мл вода
  • малку масло за подмачкување на тавата

Начин на подготовка:

Истурете брашно, сол, јајца и половина од едната течност во садот, на пр. вода. Не ја додавајте целата течност одеднаш – на овој начин, ќе додадете само околу 100-120 мл течност, ќе изматите мазно тесто без многу напор, користејќи само жица за матење. Ако останат грутки, промешајте со миксер, но не би требало да има потреба. Само кога тестото е убаво и без грутки, додадете го остатокот од течноста (другата половина од водата плус целата количина млеко), во неколку наврати, мешајќи со жица за матење.

На рингла загрејте добра нелеплива тава со подебело дно. Подмачкајте ја тавата со неколку капки масло пред да го истурите тестото. Со помош на црпалка, истурете од тестото на тавата држејќи го под агол и превртувајте. Црпалките можат да да бидат со различна големина, па приближно за една палачинка е потребно – околу 60-70 грама.

Пржете ја палачинката од едната страна, додека рабовите не почнат да се одделуваат. т.е. додека не порумени. Свртете ја од другата страна на тавчето ,буквално 10 секунди, и веднаш извадете ја.

Од оваа смеса се добиваат 9-10 палачинки на тава со дијаметар од 25 см.

Забелешка:
Односот на млеко и вода може да биде различен, оставено на вас, само направете вкупно 450 мл течност.

На здравје и добар апетит 🙂

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
1 Comment
Најстар
Најново Најгласани
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари
Emine
Emine
3 години пред

Ke gi probam vednas 😍

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote