in

СлаткоСлатко УбавоУбаво

СОВРШЕН ДЕТОКС – СОК ОД ЦВЕКЛО: Се смета за одлично средство за чистење на целото тело, особено на црниот дроб Најприроден сок за детоксикација е дефинитивно сокот од цвекло, а ние ви носиме инструкции за подготовка на вкусен домашен сок

Цвеклото е богато со витамин Ц, па затоа се препорачува за спортисти, но и за луѓе кои боледуваат од анемија. Најдобро е да се консумира цвекло сирово или цедено, иако и салатите од цвекло се исклучително здрави.

Цвеклото го претставува најдоброто природно средство за детоксикација на организмот, а е исклучително евтино и достапно на нашиот пазар.

Еве како да ја направите најдобрата детоксикација со сок од цвекло:

Состојки:

  • Половина килограм свежо, измиено цвекло
    1 голема краставица
    1 јаболко
    1 лимон
    1 китка магдонос
    парче свеж ѓумбир

Подготовка:

Цвеклото измијте го и излупете го. Исецкајте го на помали парчиња. Ставете го во блендер и додадете излупен и сечкан ѓумбир, сок од еден лимон, китка магдонос, излупени и исечкани јаболко и краставица. Сè сомелете го во блендер, а потоа процедете го преку крпа или поголема цедалка. Се претпочита пулпата и можете да ја користите и вие.

Вака направениот сок може да трае 2 дена, доколку се чува во фрижидер.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote