in

Спортистите започнаа бојкот! Нема да користат социјални мрежи 4 дена!

Фудбалските клубови, играчите, атлетите и останатите спортисти започнаа четиридневен бојкот на социјалните мрежи поради навредите и дискриминациите што се упатени кон нив секојдневно.

Бојкотот започна вчера во 16:00 часот и ќе заврши во вторник на полноќ. Целта на овој бојкот е да се покаже солидарноста во спортот против онлајн навредите, да им се испрати јасна порака на социјалните медиуми и да се поттикнат за подобра заштита и регулација на нивните платформи.

Унијата на рагбистите, крикетарите и Формула 1, покрај фудбалските клубови се приклучија на овој протест. Премиерлигашките клубови и голем број на популарни спортисти јавно го подржаа овој бојкот.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote