Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос е во карантин, бидејќи бил во близок контакт со лице заразено со коронавирус.
„Кралскиот клуб“ во петокот објави дека Крос е во изолација поради контакт со лице кое има коронавирус, иако сите тестови што ги направи беа негативни. Не е наведено колку долго ќе биде во карантин.
Comunicado Oficial: Toni Kroos. #RealMadrid
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) May 14, 2021
Прашањето сега е дали Крос ќе може да патува во Билбао во недела на натпреварот од 37-то коло во Ла Лига. Доколку тој не биде во составот за мечот против Атлетик, тоа ќе биде голем удар за тимот на Зинедин Зидан, кој се бори за титулата во домашното првенство.
За потсетување, Реал во моментов е втор на табелата, со два бода помалку од Атлетико Мадрид, на две кола пред крајот на шампионатот.
Коментари
Loading…