in

Тухел доби нов договор! Останува во Лондон до 2024 година

Менаџерот на Челси, Томас Тухел потпиша продолжување на договорот до 2024 година.

Тухел, 47, потпиша договор во времетраење од 18 месеци кога го замени Френк Лампард на клупата на Челси во јануари. Тој го однесе лондонскиот клуб до втора титула во Лигата на Шампиони во нивната историја и заврши на четвртата позиција во домашното првенство.

„Уште многу успеси допрва доаѓаат и ние сме спремни да ги направиме следните чекори со амбиција и напорна работа“ изјави германскиот стратег. Кога седна на клупата на Челси, клубот се наоѓаше на деветтата позиција и без победа во претходните 5 натпревари.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote