Пред околу 15,000 години, глечер се создал на врвот на Тибетското Плато и во него заробил многубројни микроскопски организми. Прво се веруваше дека сите тие организми изумреле поради долгиот период, но во 2015, научници од САД и Кина ископаа дупка длабока 50 метри за да ја анализираат содржината на глечерот.

5 години подоцна, научниците открија голем број на стари, антички вируси закопани во длабочините на глечерот, вклучувајќи и 28 видови досега непознати за науката! Нивната студија беше објавена минатиот вторник. Постои опасност за повторно заживување на овие вируси, но според научниците има мала веројатност за таквото сценарио.
Коментари
Loading…