in

СлаткоСлатко ТаженТажен

Убиството на бремената манекенка го згрози светот

Малиса Муни, манекенка од Лос Анџелес, чие тело беше пронајдено на почетокот на септември, врзана била ставена во фрижидер, покажуваат податоците од истрагата. Во извештаите причина за смртта е „убиствено насилство“.

 

Муни била пронајдена мртва во нејзиниот стан на 12 септември, откако нејзината загрижена мајка повикала полиција, бидејќи не можела да стапи во контакт со својата ќерка.

Кога полицајците влегле во станот, го пронашле нејзиното претепано и врзано тело, а под неа имало локва крв.

Постојат и докази дека манекенката била задавена. Истрагата утврдила дека некој го користел нејзиниот мобилен телефон, компјутер и други гаџети кои биле поврзани со нејзиниот iCloud.

Поп пејачката Џордин Полин, сестра на убиената манекенка, рекла дека Малиса во моментот кога била убиена била во вториот месец од бременоста и дека отсекогаш сакала да биде мајка.

Малиса се вселила во луксузниот стан еден месец пред убиството.

 

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote