in

Уметник успеа да продаде невидлива скулптура за 15 илјади евра!

Италијански уметник успеа да ја продаде својата невидлива скулптура за неверојатни 15 илјади евра.

Сите сме виделе празни слики изложени на уметничките изложби, како и необични дигитални слики што се продаваат за високи суми, но уметникот Салваторе Гарау ги помина сите граници на бизарноста.

Неговата скулптура, именувана Io Sono (во превод „Јас сум“) неодамна беше продадена за 15 илјади евра. Скулптурата не постои, односно како што ја опишува уметникот – постои само во имагинацијата на купувачот. Купувачот добил сертификат на автентичност и ќе може да ја препродаде „скулптурата“ доколку посака.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote