in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Ванила пита со јаболка и цимет

Јаболкото можеби ја нарушило хармонијата во рајската градина, но каснувањето на вкусно јаболко не е никаков грев и може да влијае само позитивно на вашето здравје.
Доколку повеќе сакате да уживате во нивниот вкус како дел од некој колач, пудинг или пита нивниот вкус се интензивира во комбинација со цимет или неколку капки ванила.
Пита од јаболка е десерт кој секогаш ги разнежнува нашите сетила. Познат вкус на кој тешко можеме да се оддолее.

 

Состав:

  • 5-6 поголеми јаболка
  • 3 јајца
  • 200г шеќер
  • 1 мала лажичка екстракт од ванила
  • 125г брашно
  • 1 мала лажичка цимет
  • 3 лажички шеќер во прав за декор

Подготовка:

Излупете ги јаболката, убаво исчистете ги од семки и исечете ги на покрупни коцки кои ќе ги поставите директно во тавата обложета со хартија. Во подлабок сад ставете ги јајцата и шеќерот и изматате ги со миксер додека не добиете убава и густа смеса, а потоа додадете ја ванилата и брашното, па повторно изматете со миксер уште неколку минути.

Врз јаболката прелијте ја смеса и ставете ја тавата да се пече од 55-60 минути во претходно загреана рерна на 170C. Откако убаво ќе се испече оставете ја да се олади и послужете.

На здравје!

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote