Францускиот дефанзивец Рафаел Варан наскоро и официјално ќе биде новиот играч на Манчестер Јунајтед, потврди клубот од Олд Трафорд.
Сигурниот дефанзивец го напушти „Кралскиот клуб“ по десет сезони минати во Реал Мадрид, а по лекарските прегледи ќе потпише договор со гигантот од Островот до јуни 2025 година, со опција да остане една година подолго.
Варан се очекува да се врати во Манчестер во наредните денови и, по одреден период на изолација, да ги заврши формалностите пред да го парафира договорот.
„Манчестер јунајтед со задоволство објавува дека клубот постигнал договор со Реал Мадрид за трансфер на бранителот на француската репрезентација и победник на Светскиот куп Рафаел Варан“, соопшти клубот, истакнувајќи дека договорот за личните услови на играчите е последните фази.
𝗕𝗼𝗻𝘀𝗼𝗶𝗿, 𝗥𝗲𝗱𝘀 👋
We have agreed a deal in principle for the transfer of @RaphaelVarane to United! 🔴⚪️⚫️#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) July 27, 2021
Коментари
Loading…