in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Не ви е потребен ни миксер ни рерна! Најмеката чоколадна торта, тајната е во НАЧИНОТ НА ПОДГОТОВКА!

Поради начинот на подготвување – не се пече, туку се бари на пареа, оваа торта е неверојатно мека, а чоколадниот прелив и дава дополнителен вкус!

 

Потребни состојки :

 

  • 120 гр бело брашно
  • 25 гр какао во прав
  • половина лажичка прашок за пециво
  • четвртина лажичка сода бикарбона
  • половина лажичка екстракт од ванила
  • 125 гр шеќер
  • 220 мл млеко
  • 50 мл масло
  • половина лажичка сок од лимон

За прелив:

  • 150 гр црно чоколадо
  • 60 мл млеко
  • половина лажичка путер

Подготовка:

Во сад ставете брашно, какао, прашок за пециво, сода бикарбона и екстракт од ванила. Додадете шеќер во неа, а потоа измешајте сè. Додадете млеко, масло, сок од лимон, измешајте добро да се соединат сите состојки, а потоа истурете ја оваа смеса во калап што ќе го покриете со алуминиумска фолија и готвите на пареа. Гответе околу еден час на средна топлина. Колачот оставете го да се излади, а во меѓувреме направете го преливот.

Ставете чоколадо и млеко во мал сад, па оставете ги да се стопат на пареа, а непосредно пред крајот на готвењето додадете путер и оставете ги на оган уште подолго, да се комбинираат сите состојки. Извадете го готовиот колач од калапот, истурете го преливот и оставете го во фрижидер околу два часа да се стегне, па уживајте во овој вкусен десерт.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote