Оваа кремаста салата од јајца, која е лесна за подготовка, можете да ја подготвите кога има некои прослави, или можете да ја користите како намаз.
Состојки:
- 6 јајца
- 100 гр урда
- 200 гр мајонез
- 1 лажичка сенф
- бибер, сол
Подготовка:
Ставете јајца во топла вода и варете 10 минути. Треба да се тврдо варени, бидејќи после тоа се лупат и се рендаат на покрупниот дел од рендето. Измешајте урда, мајонез и сенф. Потоа додадете ги ренданите јајца. Додадете сол и бибер, па додадете свеж магдонос по желба.
На здравје 🙂
Коментари
Loading…