Полскиот голубчиши (голабки) е традиционално јадење што потсетува на нашата сарма, освен што наместо кисела зелка се користи свежа зелка. Сармата се пече во рерна прелиена со буијон или сос од домати.
Состојки:
- 1 зелка
- 2 лажици путер
- 1 кромид
- 1 кг мелено говедско месо
- 500 гр мелено свинско месо
- 1 ½ чаша варен ориз
- 1 чешне ситно сецкан лук
- сол, бибер
- 1 чаша бујон
- 1 павлака или чаша павлака за готвење
Подготовка:
Истурете вода во тенџере и додадете сол. Одделете го тврдиот дел од зелката со нож, а потоа ставете ја целата глава во врела вода. Гответе околу 3 минути додека зелката не омекне и лисјата не можат полесно да се одделат.
Поделете ја зелката на лисја и внимателно исечете го стеблото со нож. Стопете го путерот во тава, а потоа додадете го исечканиот кромид. Кога кромидот ќе омекне, оставете го настрана да се излади. Кога кромидот се олади, измешајте го со мелено месо, варен ориз и лук, а потоа додадете сол и црн пипер.
Наполнете ги лисјата од зелка со месо, а потоа превиткајте како сарма. Наредете ги во тава, истурете го бујонот, па покријте ја со фолија и печете на 180 ° C околу 60 минути. Послужете со кисела павлака и наросете со мелен пипер или чили по желба.
На здравје!
Коментари
Loading…