in ,

ТаженТажен

Во Грција потврдени вкупно 11 случаи, a Словачка потврден првиот случај на мајмунски сипаници

Во Грција, зaклучно со денеска, се регистрирани вкупно 11 случаи на мајмунски сипаници, од кои шест се увезени, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно седмичниот извештај Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), останатите четири случаи се по контакт со сомнителен случај кај странски државјанин во земјата, а еден случај не пријавил патување во странство или контакт со заразен.

Во Словачка денеска е потврден првиот случај на мајмунски сипаници, соопшти портпаролката на Службата за јавно здравје, Даша Рачкова.

Според неа, пациентот е изолиран и хоспитализиран, а сите луѓе кои биле во близок контакт со него неодамна биле информирани за тоа како треба да се однесуваат доколку почнат да ги чувствуваат симптомите на мајмунска сипаница, пренесе словачката новинска агенција ТАСР.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote