in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 1 НОЕМВРИ 2023

Времето денес:

 

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со локални врнежи од дожд.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне променливо облачно. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од петок попладне и во сабота врнежите наместа ќе бидат обилни (над 20 l/m2) и проследени со грмежи. Во петок и во деновите од викендот ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote