Времето денес:
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. УВ=10
Во Скопје сончево и многу топло со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Ќе се задржи многу топло време со високи температури, утринските на повеќе места ќе бидат над 20, а дневните наместа ќе достигнуваат и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот ќе има многу висока вредност 10.