in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 6 ДЕКЕМВРИ 2023

ВРЕМЕТО ДЕНЕС:

 

Облачно со повремени врнежи од дожд, а на планинитe од снег, особено претпладне. Во текот на денот врнежите ќе престанат, а нови врнежи ќе има во ноќните часови.

Во Скопје облачно, претпладне со повремен дожд.

Утре ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во текот на денот врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Долж Повардарието ќе почне да дува засилен северен ветер кој ќе продолжи и во петок. Од петок времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote