in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 8 АВГУСТ 2023

Времето денес:

 

Сончево со мала до умерена локална облачност, доцна попладне и во вечерните часови во крајните северни делови ќе има локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој кон крајот на денот ќе се промени во северозападен и ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени. УВ=8

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови од котлината ќе има локален дожд. Доцна попладне ќе започна да дува засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 30 степени.

Во следните денови ќе се задржи посвежо време со ниски утрински температури, а утре долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер. Во четврток на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. За време на викендот се очекува пораст на температурата.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote