in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 24 АПРИЛ 2023

Времето денес:

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на места ќе има појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, понекаде и во форма на локално невреме со силен ветер и појава на ситен град.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Од пладневните часови ќе има услови за нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот со услови за појава на краткотрајно невреме.

До средината на следнава недела времето ќе биде променливо облачно. Денес и утре во попладневните, а во среда претежно претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Од среда ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер што најпрвин ќе ги намали дневните температури за неколку степени, а посвежо ќе биде и во четврток и петок наутро.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote