Времето денес:
Претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува и со слаб до умерен, а вдолж Повардарието претпладне засилен северозападен ветер.
Временска најава:
Под влијание на нов влажен бран утре попладне и во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи претежно од дожд, а само на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови ( локално над 20 л/м2 ). Променливо облачно време со локални врнежи од дожд ќе се задржи до вторник, а од среда се очекува стабилизирање на времето.
Актуелно предупредување:
Вечерва и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег, поради што снежната покривка ќе се зголеми. Во западните делови врнежите повремено ќе бидат поинтензивни и проследени со засилен југозападен ветер. Воздушниот притисок во текот на денот ќе опадне за повеќе од 10 мерни единици.
Коментари
Loading…