Времето денес:
Претежно облачно, попладне и во текот на ноќта кон недела со врнежи од дожд кои поради продор на постудена воздушна маса ќе има услови повремено да преминуваат во снег и на некои повисоки места во северните делови, а можна е и локална појава на замрзнат дожд. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Временска најава:
До вторник ќе се задржи облачно со врнежи од дожд, на места пообилни и со пороен карактер, особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Од вторник поради продор на постудена воздушна маса врнежите на планините ќе бидат од снег, а повремено услови за снег ќе има и на некои повисоки места. Ветерот ќе го промени во северен правец.
Актуелно предупредување:
До вторник ќе се задржи облачно со врнежи од дожд, на места пообилни и со пороен карактер, особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, денес од северен, а потоа од јужен правец. Денес во вечерните и ноќните часови врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места во северните делови, а можна е и локална појава на замрзнат дожд.
Коментари
Loading…