Поевтино, поздраво, повкусно – направете сами домашен маргарин.
Маргаринот е направен од растителни масла, богат е со незаситени масни киселини. Погледнете како можете сами да го направите тоа!
Состојки:
- Половина чаша млеко / вода
- Една чаша сончогледово масло (или мешавина од маслиново и сончогледово) или половина чаша сончогледово масло и половина чаша кокосово масло
- Една жолчка од јајце
- Една лажичка сок од лимон
- Половина лажичка сол
- Како се прави маргарин
За да го направите, потребни ви се: миксер, две чинии (со различна големина, за да можат да се вклопат едни во други) и мраз.
Во поголем сад, скршете го мразот и додадете малку вода за да одржите температура од околу 0 степени C. Во помал сад, потопен во поголем со мраз, додадете ги состојките на следниов начин:
Загрејте вода и масло на приближно 40 степени. Во мал сад истурете го маслото во кое претходно сте ги измешале жолчките и промешајте со најголема брзина. Додадете малку млеко / вода и мешајте уште две минути додека не се соединат водата и маслото. Додадете сок од лимон и сол и нежно мешајте додека не се згусне маргаринот. Ако сакате, на крајот можете да додадете малку зачин по желба.
Префрлете го маргаринот во сад и чувајте го во фрижидер. Најдобро е да го користите во рок од два до три дена.
Коментари
Loading…