Планетата Земја станува потешка за околу 5,200 тони секоја година, благодарение на вселенската прашина, покажаа истражувањата. Тим на истражувачи од Франција, Велика Британија и САД открија колку прашина собира нашата планета додека орбитира околу Сонцето.
Честичките од прашина што се наоѓаат во вселената, попознати се како микрометеорити, се во големина од 0.1 милиметри и често паѓаат на површината на Земјата. Во истражувањето беше откриено дека годишно 5,200 тони од овие микрометеорити завршуваат на нашата планета.
Коментари
Loading…