in

СлаткоСлатко

Женка кит роди младенче пред очите на туристи на брод (видео)

Туристи на турнеја со брод за набљудување китови во Јужна Калифорнија, наишле на уникатна глетка – женка сив кит донесе на свет младенче точно пред нивните очи.

Раѓањето и првите моменти од животот на младенчето се снимени со мобилен телефон и дрон во близина на Дана Поинт, јужно од Лос Анџелес, пренесува АП.

Патниците и членовите на екипажот најпрво забележале крв во водата и првично се загрижиле дека сивиот кит од 10,6 метри е повреден. Меѓутоа, кога сфатиле дека се сведоци на раѓање, загриженоста се претвори во прослава, изјави капетанот на бродот, Гери Бригхаус.

Стејси Фокс, една од туристите на бродот, рече дека „врескала од возбуда“.

„Тоа е нешто што се случува еднаш во животот“, рече таа, според Гласот на Америка.

Иако не е невообичаено сивите китови да раѓаат за време на нивното зимско патување од местата за хранење во близина на Алјаска до топлите води во близина на Мексико, ретко е да се сними, или фотографира таков момент.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote