in

Ибрахимовиќ во нов филм за Астерикс и Обеликс!

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ ќе глуми во нов филм за славните херои на стриповите од Гали, Астерикс и Обеликс.

Гласините за учеството на Ибрахимовиќ во новиот филм „Астерикс и Обеликс: Патот на свилата“ се чини дека се потврдени, откако шведскиот фудбалер на својот профил на Инстаграм објави фотографија со опис „Антивирус“, што е името на ликот тој ќе игра во тој филм.

39-годишниот репрезентативец на Шведска, кој моментално игра за италијанскиот фудбалски клуб Милан, веќе се појави на фестивалот „Сан Ремо“, каде што пееше заедно со тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ.

Ибрахимовиќ тогаш изјави дека, откако пеел, сакал да се обиде и да глуми, но веста за неговото учество во споменатиот филмски проект е сепак некакво изненадување, забележува Ројтерс.

Филмот „Астерикс и Обеликс: Патот на свилата“ треба да излезе во 2022 година, а ќе го режира францускиот актер и режисер Гијом Канет.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote