Период на настинки и вируси, а треба да го заштитиме нашето здравје – Ви приготвивме предлог за брз утрински напиток, кој бара само неколку минути за подготовка.
Состојки:
- 500 мл вода
- 1-2 см свеж ѓумбир (ситно изрендан)
- 1/2 лимон (свежо исцеден сок)
- 2 портокали (свежо исцеден сок)
- 1 средна калинка (исцеден сок)
- засладувач по ваш избор (мед, кафеав шеќер)
Подготовка:
Ставете вода во тенџере да зоврие и потоа додадете свежо изрендан ѓумбир, оставете го на оган уште две минути и потоа тргнете го на страна ,покријте со капак (оставете десетина минути да отстои).
Исцедете ја течноста со вода и ѓумбир во бокал (оставете да се излади целосно).
Исцедете ги портокалите и лимоните и додадете го добиениот сок во бокалот.
Исцедете ја калинката со помош на цедилка , потоа исцедете ја низ сито и додадете го добиениот сок во бокал (или исцедете ги бобинките од калинка со помош на соковник)
Се мешаат сите состојки во бокалот со додаток на засладувач по желба, меѓутоа и без да засладите, вкусот е убав и освежувачки.
На здравје 🙂
Коментари
Loading…