in

McLaren потпиша договор со 13-годишното момче!

Тимот на McLaren потпиша долгорочен договор со 13-годишниот Уго Угочукуву.

Станува збор за талентиран возач на картинг од Соединетите Американски Држави. Во својата кратка кариера освои неколку титули во Америка и Европа. Негов најголем успех беше освојувањето на првото место на Европското првенство во картинг минатата година.

Договорот со McLaren предвидува британскиот тим да инвестира во неговиот развој и да ги следи резултатите во јуниорска возраст.

„Ние ќе му обезбедиме на Уго сè што е потребно за да може да го развие својот целосен потенцијал“, рече Зак Браун, извршен директор на McLaren.

Младиот Американец беше воодушевен од потписот.

„Чест ми е што станав дел од McLaren, која е институција во Формула 1. Да ги имам на моја страна на патеката сега и надвор од тоа, ќе ми помогне многу во иднина“, истакна Угочуку.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote