in

Наскоро пристигнуваат таблети против ковид-19?!

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, влева дополнителна надеж во борбата против короната, откако ги откри понатамошните чекори на медицинската индустрија.

Според Џонсон, од следната есен, Британците ќе добијат таблети кои штитат од вирусот и ќе можат да се лекуваат дома. Тој најави дека ќе формира екипа од експерти кои ќе се обидат да ги идентификуваат најефикасните начини за лекување од дома.

Клиничките испитувања се веќе започнати и покажуваат оптимистични првични резултати. „Од следната есен ќе се обидеме да произведеме таблети против корона вирусот. Доколку имате позитивен тест, вашиот доктор ќе ви ги препише апчињата и со нивното земање ќе може да се заштитите од ковид-19“ изјави Борис Џонсон.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote