in

СмешноСмешно

Неверојатна драма – Изреволтирана сопруга ја истепа швалерката (ВИДЕО)

На паркинг пред трговскиот центар „Волмарт“ во мексиканскиот град Тамаулипас дошло до физичка пресметка помеѓу изневерена сопруга и швалерката од нејзиниот неверен сопруг.

Имено, неименуваната госпоѓа добила дојава дека нејзиниот сопруг е во трговскиот центар со својата љубовница, па брзо пристигнала пред трговскиот центар и го изненадила парот на излегување.

На видеата кои кружат на социјалните мрежи се гледа како бесната сопруга ја зграпчува соперничката одзади, ја фрла на земја, а потоа ја влече и клоца.

Неверниот сопруг се обидел да ги раздели жените, се заканувал со повикување полицијата, а Ел Универзал пренесува дека и детето, најверојатно нејзино, се обидело да ја смири разбеснетата жена.

„Не е таа виновна“, се слуша како момчето во еден момент вели.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote