Веројатно сте забележале ситни дупки на вашата облека повеќе од еднаш, но не знаете како тие стигнале до таму. Бајард Винтроп, основачот на America Giant, открил дека се виновни фармерките и ременот.
„Местото каде што е формирана дупката се трие со горниот дел од фармерките каде што се наоѓаат копчињата, а често и ременот. Токму поради тоа се кине облеката, без ние да го сфатиме тоа“, објасни тој.
Откри и како да спречите повторно да се формираат дупки за да не морате да ја фрлате облеката.
За почеток, купете квалитетна облека од бренд кој инвестира во своите материјали и изработка. Не перете фармерки и маици заедно во машина за перење – металните патенти на панталоните може да ја искинат облеката за време на процесот, пренесува The Sun.
Меѓутоа, ако се работи за група дупки на едно место, веројатно е дека молецот ви ја изел облеката. Можете да се ослободите од нив со ставање торби со лаванда во плакарите, бидејќи молците го мразат тој мирис.