Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола вели дека Премиер Лигата треба повторно да дозволи по 5 измени на натпревар поради големиот број на повреди во Лигата оваа сезона.
Гвардиола тврди дека оваа сезона има 47% повеќе повреди поврзани со мускулите во компарација со минатата сезона во ист момент од натпреварувањето.
Клубовите од Премиер Лигата гласаа против ова правило кое би им дозволило 5 измени по натпревар уште минатиот Август пред да почне сезоната 2020/21. Правилото беше донесено кога сезоната 2019/20 мораше да биде преината поради пандемијата и започна да важи од Јуни со цел да ги заштити играчите. Гвардиола верува дека ова правило мора да биде вратено.
Коментари
Loading…