in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

КЕСАДИЛА СО ПИЛЕШКО И ЗЕЛЕНЧУК: Најпопуларниот мексикански специјалитет кој брзо се прави со евтини состојки

Quesadilla е мексикански специјалитет кој се прави со ставање богат слој рендано сирење помеѓу две тортиљи, но денес има безброј варијации за филот, се служат различни видови филови, а се зависи од тоа што сакате. Традиционално се прави од тортиљи од пченка, но можат да послужат и тортиљи од брашно. Ви предлагаме да го пробате со бело месо, сирење и пиперка. Доколку сакате уште малку да го збогатите додадете го сосот од гуакамоле.

 

Состојки:

  • 1 пилешко филе
    1 кромид
    1 пиперка
    6 тортиљи
    2 чаши рендан кашкавал
    1 лажичка црвен пипер
    1/2 лажичка лук во прав
    1 лажичка сол
    1/2 лажичка бибер
    1 лажичка ким во прав

Подготовка:

Белото месо исечкајте го на тенки шницли, а во сад измешајте со црвениот пипер, лукот во прав, солта, биберот и кимот. Зачините втријте ги во месото од двете страни, па пржете на малку загреано масло. Извадете го месото од тавата, во истото тавче пропржете го кромидот и кога ќе омекне додадете ја пиперката исечкана на ленти. Исечете го месото на мали коцки. Земете чиста тава, попрскајте малку масло, па ставете ја тортиљата. Наросете со рендан кашкавал, па прелијте со пржена пиперка и кромид, а одозгора наредете малку бело месо. Завршете со ренден кашкавал, па покријте со друга тортиља. Потоа попрскајте го со масло, па свртете го на другата страна да порумени. Исечете и послужете.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote