in

Што?Што?

Ким Кардашијан купи привезок со крст на Лејди Ди за 187.480 евра

Американската реалити ѕвезда и старлета Ким Кардашијан го купи крстот Аталахпознатиот приврзок што го носеше принцезата Дијана, на аукција во средата, објави аукциската куќа „Сотби“.

Луксузниот приврзок, кој во 1920 година го изработи познатиот британски златар Гарард, принцезата Дијана го носеше во неколку наврати.

Крстот со кристален аметист е продаден за 163.800 фунти (околу 187.000 евра) на аукцијата одржана во средата во Лондон.

Со тоа, приврзокот, кој принцезата Дијана го носеше на хуманитарна гала во Лондон во 1987 година, се продаде за двојно повисока цена од проценетата. Покрај аметистот, крстот е украсен со дијаманти од вкупно 5,25 карати.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote