in ,

СлаткоСлатко

Комбинирајте ги овие две намирници и ќе го добиете најмоќниот „лек“ против настинки и вируси

Иако ништо не може да ја замени традиционалната медицина кога сме болни, важно е постојано да работиме на зајакнување на нашиот имунитет.

 

Моќната комбинација на мед и лук се покажа како исклучително корисна за многумина кога станува збор за здравјето и одржувањето на имунитетот.

На прво место, лукот го намалува крвниот притисок, како и нивото на холестерол во крвта. Веднаш потоа, оваа билка има антибиотско дејство, па често се користи за борба против настинки и грип, како и превентивни мерки против овие болести. Редовното консумирање лук го зајакнува имунитетот и производството на антитела во организмот. Лекарите нагласуваат дека ги штити крвните садови и го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.

Медот содржи многу витамини и над 37 минерални материи, меѓу кои се калиум, калциум, магнезиум, цинк… Секој мед, ако е природен и вистински, е лековит, не е важно од кое растение е направен. Помага при кашлица, бронхијални проблеми и респираторни проблеми.

Состојки:

  • 500 гр мед
  • 7 лимони
  • 7 чешниња лук
  • 300 гр ореви
  • 250 гр пченица

Подготовка:

Изблендирајте ја никнатата пченица, па со кората додадете ги оревите, лукот и трите цели лимони. Исцедете го сокот од преостанатите лимони за да го додадете во оваа смеса. Потоа додадете мед на сето тоа и измешајте да се соединат сите состојки.

Оваа смеса чувајте ја во стаклена тегла или сад, во фрижидер и консумирајте ја дури откако ќе отстои три до четири дена.

Кога овој природен лек е подготвен за употреба, земете една или две лажички половина час пред секој оброк.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote