in ,

Што?Што? ТаженТажен

Мадона однесена дома со амбулантно возило! Се појавија нови информации за состојбата на поп дивата

Светската дива Мадона неодамна беше итно хоспитализирана, поради што заврши на интензивна нега.

Мадона била во критична состојба, а за неа биле многу загрижени и нејзините соработници, пријателите и семејството.

Сега се појавија информации дека Мадона била префрлена во нејзиниот стан во Њујорк со приватно амбулантно возило.

Да потсетиме, Мадона беше пронајдена без свест во нејзиниот дом во Њујорк во саботата на 24 јуни, по што итно беше пренесена во болница. Пејачката во текот на ноќта била интубирана, а нејзината најстара ќерка Лурд (26) цело време била во болница, со нејзината мајка.

 

Колку нејзините соработници биле загрижени за неа покажува и фактот што бил одржан и итен состанок.

– Едноставниот факт е дека никој во овој момент не знаеше како се ќе заврши. Мадона беше многу болна и во такви ситуации секогаш постои страв од најлошото. Застрашувачки е податокот дека некој е на интензивна нега. Нејзиниот тим мораше да биде фер кон навивачите, и како што турнејата се приближуваше и поблиску, тие веднаш донесоа одлука да ја одложат, па плановите беа ставени на сила, изјави тогаш извор за Дејли Меил.

Како што понатаму се наведува во споменатиот текст, пејачката и да се опорави, нема да може да „скокне“ во распоредот, бидејќи никој не сака да и врши таков притисок.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote