in ,

Што?Што?

МАГИЧНА РЕЧЕНИЦА КОЈА СПАСУВА СЕКАКВА РАСПРАВИЈА

Расправиите се составен дел од секоја врска и се речиси неизбежни. А според новата студија, објавена во списанието за личност и социјална психологија, постои најдобар начин да се реши речиси секоја расправија со партнерот, а шармот е во неколку слатки, мали зборови.

Станува збор за фразата „Разбирам што сакаш да кажеш“.

 

Тоа е секогаш подобар начин отколку да барате победник, откриваат експертите, а до заклучок дошле барајќи од паровите да решаваат „жешки прашања“ во нивните односи во лабораторија. Без оглед на тоа што е проблемот или кој победил во расправијата, оние кои чувствувале дека партнерот ја разбира нивната позиција, биле мерени како посреќни од нивната севкупна врска.

Дури и да не се согласувате со неговиот став, оваа фраза ќе ја смири ситуацијата и ќе ги зголеми шансите проблемот да се реши до крај. „Оваа фраза е одлична поради две причини: прво, покажува дека слушате и второ, го цените неговото мислење“, открива љубовниот терапевт Ребека Хендрикс.

Со други зборови, оваа фраза ја неутрализира играта на обвинување, која често ја играат паровите, односно му покажува на партнерот дека го слушате и ја земате предвид неговата страна од приказната, а не само вашата перспектива.

„Ако ги почитувате неговите ставови, тоа веќе не е аргумент, туку дискусија“, заклучи Ребека.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote