in

Што?Што? ТаженТажен

Маж до смрт претепал 4-годишно момче, мајката лажела дека паднало по скали

Четиригодишно момче од германското место Барзингхаузен во близина на Хановер било брутално претепано до смрт од партнерот на мајката на детето

 

Мајката на момчето (28) и нејзиното момче (33) од вчера се во притвор. Триесетгодишниот човек е осомничен дека го претепал детето до смрт. Извори од истрагата откриваат дека жената не се обидела да го спречи ужасниот чин на насилство, пишуваат медиумите.

Мајката се јавила на на бројот на итните служби околу 8 часот наутро во петокот, а на полицајците им кажала дека го нашла детето мртво во креветот, по што се обидела да го реанимира, но не успеала. Лекар од итната помош забележал дека на телото на детето има повреди кои не се совпаѓаат со верзијата на мајката, по што пријавил во полицијата.

Врз телото била извршена обдукција, која потврдила дека повредите не може да се припишат на пад по скали.

Мајката и нејзиниот партнер се во притвор, а шестгодишната сестра на убиеното момче е згрижена од социјалните служби.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote